Со Денот на вљубените зад нас, сега во продажба може да се најдат разни чоколади и бонбониери, но размислете да изберете темно чоколадо.
Како што покажуваат се повеќе истражувања, има многу здравствени придобивки поврзани со темното чоколадо.
Антиоксидантни својства
Темното чоколадо содржи големи количини на флавоноиди, полифеноли, катехини и други органски соединенија кои делуваат како антиоксиданти. Антиоксидансите штитат од слободните радикали, кои ги оштетуваат вашите клетки и придонесуваат за широк спектар на болести, како што се срцеви заболувања и рак.
Подобрено кардиоваскуларно здравје
Флавоноидите во темното чоколадо ја стимулираат слузницата на вашите артерии да произведува азотен оксид, кој го подобрува протокот на крв и го намалува крвниот притисок. Сепак, овој ефект е благ и не мора да им помогне на луѓето со состојби како што се хроничен висок крвен притисок и дијабетес тип 2.
Заштита од висок холестерол
Високите нивоа на липопротеини со ниска густина (исто така познат како LDL или „лош“ холестерол) се главен фактор на ризик за срцеви заболувања. Дополнително, одредени видови на ЛДЛ холестерол може да оксидираат при интеракција со слободните радикали; ова може да предизвика воспаление и таложење на наслаги внатре во вашите артерии. Темното чоколадо го намалува нивото на ЛДЛ холестеролот во телото, вклучувајќи ги и видовите кои најверојатно ќе оксидираат.
Покрај овие придобивки, темното чоколадо содржи и значителни количини на неопходни хранливи материи, како што се: влакна, железо, магнезиум, манган, бакар, калиум, фосфор, цинк, селен.
Важно е да се запамети дека темното чоколадо е најкорисно кога се консумира умерено, според flushinghospital.org.