Ако ме каните на седница со Заев, тогаш викнете го премиерот што е во странство

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ако на собраниска седница ме каните мене и мојот претходник Зоран Заев, поканете го и поранешниот премиер кој избега во странство, му одговори премиерот Димитар Ковачевски на пратеникот Антонијо Милошоски кој предложи во Собранието да се разговара за францускиот предлог и кој предложи формат од сегашни и бивши владини функционери инволвирани во процесот на преговори со ЕУ и со Бугарија.

Пратеникот Антонијо Милошоски, кој е и претседател на собраниската комисија за надворешна политика на денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања побара од премиерот Димитар Ковачевски пред пратениците да се дискутира за преговорите со Бугарија. Милошоски предложи Ковачевски да дојде заедно со министерот Бујар Османи, вицепремиерот Бојан Маричиќ, но и со поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер и вицепремиер Никола Димитров, како политичари кои воделе преговори и кои се запознати со детали.

Пратеникот рече дека работа на Ковачевски ќе биде дали таа седница да биде јавна или затворена за јавноста, во зависност од доверливоста на содржината на разговорите. Милошоски рече дека е добро да се направи споредба меѓу предлозите на португалското и француското претседателство со ЕУ за кревање на бугарското вето.

На тоа премиерот Ковачевски одговори дека нема да има ништо против во Собранието да се свика таква седница, но му забележа на Милошоски:

„Ако барате таква седница треба и претходни премиери да се повикаат, па и претседатели и сите кои биле министри за надворешни работи, а не вака селективно да предлагате. Еден од тие премиери е во странство, ама од него може да се очекува писмено да се обрати“.

Ковачевски притоа рече дека државата не постои од пред неколку месеци, туку дека има долг континуитет со Европската Унија и долгогодишен статус на земја кандидат, оттука и повеќемина премиери и министри кои биле ангажирани во евроинтегративниот процес.

Share This Article