На нашето тело му е потребен холестерол за да изгради клетки, но неговиот вишок може да биде сериозен проблем, објаснува Американското здружение за срце. Имено, нашиот црн дроб произведува природен холестерол кој ни е потребен за одржување на здравјето, додека целиот вишок холестерол во организмот главно доаѓа од храна од животинско потекло.
Кардиологот Ник Вест вели дека иако количината на холестерол што циркулира во крвта е генетски детерминирана, влијанието на исхраната не треба да се потценува. Како што откри за порталот The Healthy, постојат неколку намирници кои луѓето со покачен холестерол треба да ги исклучат од секојдневната исхрана. Овие се:
– пржена храна
– путер
– сирење
– печени десерти
– кокосово масло
– говедско месо
– преработено месо.
Како што објаснува Вест, оваа храна содржи големи количини на масти, масла и рафинирани шеќери, кои се опасни за луѓето со покачен холестерол и затоа треба да се избегнуваат или барем да се минимизираат, пренесува Индекс.