More

    Ајкула во Тексас, САД, нападна жена која пливала во плитко

    spot_img

    Ајкула во Тексас, САД, нападна жена која пливала во плитко. Инцидентот се случи на островот Саут Падре во четвртокот наутро, пишува Дејли мејл.

    Набргу се појави видео од хоророт на плажата, на кое се гледа како спасувачите ја извлекуваат несреќната жена од водата додека таа крвави, а ајкулата сѐ уште плива во близина.

    Во тој момент во водата биле уште неколку луѓе.

    – Деталите во моментот укажуваат дека две лица се гризнати, а две лица налетаа на ајкула, но тие не се сериозно повредени – се вели во соопштение на локалните власти.

    Службата за паркови и диви животни во Тексас рече дека средбите со ајкули од овој тип не се вообичаена појава во Тексас.

    Сѐ уште не се знае за каква ајкула станува збор и истрагата е во тек.

    На посетителите им се препорачува да останат надвор од водата и да не влегуваат во вода подлабоко од колената.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img