More

    Ајкула лисица деновиве е уловена во областа Подвелебит во Хрватска

    spot_img

    Ајкула лисица деновиве е уловена во областа Подвелебит во Хрватска. Видеата од уловената ајкула во Јадранско Море кружат на социјалните мрежи.

    „Вторник наутро, островот Луково, кај Сењ. Ајкула лисица 3 метри – 100 кг. Уловен од локален рибар“. Ова е пораката која заедно со фотографиите ја пренесе порталот Морски.хр
    Ајкулата лисица се појавува низ Јадранот. За разлика од другите поголеми ајкули кои претпочитаат отворено море, овој вид може да се најде во канали и плитки заливи каде што се заплеткува во мрежи и станува медиумска сензација. Знае да гризе мамки за ситни риби и да ги изненади спортските риболовци, па не е исклучено тоа да му се случило на рибар од овој крај.
    Овие ајкули се многу добри пливачи, можат да пораснат до 5,7 метри и да тежат околу половина тон. Телото на ајкулата лисица на горната страна е темно сино, додека на долната страна е бело. Во вилицата има голем број мали заби. Ајкулата лисица се храни со риби, лигњи и ракови, а во ловот ја користи опашката која има функција на камшик. Со удар на опашката ајкулата може да го зашеметат пленот и така полесно да го фати со острите заби.

    Тие по природа не се агресивни животни, но доколку бидат нападнати може да станат незгодни за луѓето. Освен во Хрватска, ајкулата лисица живее и на отворено море, вклучувајќи го и источниот и западниот Атлантик и Пацификот.
    Хрватскиот Завод за заштита на животната средина и природата своевремено исклучително остро реагираше на уловот на овој вид од страна на рибарите, а неколку пати појаснија дека ајкулата лисица е строго заштитен вид и вид на работ на истребување!

    Хрватскиот Закон за заштита на природата од 2013 година, кој и денес е во сила, е многу јасен кога станува збор за лов, малтретирање и убивање на строго заштитени видови, а на таа листа е и ајкулата лисица. Според овој закон, казните се до 27.000 евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img