Српската активистка Аида Чоровиќ добила покана да се пријави на издржување затворска казна, откако не платила парична казна за гаѓање на муралот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград.
Чоровиќ за ТВ Н1 изјави дека поканата ѝбила врачена изутринава и дека за осум дена треба да се јави во затворот „Падинска скела“ на издржување затворска казна од два месеци.
Минатата година, активистката беше законски осудена на парична казна од 100.000 динари за нарушување на јавниот ред и мир кога фрлаше јајца врз муралот на Ратко Младиќ во Врачар во ноември 2021 година.
Дел од паричната казна од 60.000 динари ѝ е преиначен во два месеци затвор, а останатите 40.000 динари мора да ги плати, во спротивно ќе ѝ биде конфискуван имотот.
Чоровиќ кажа дека до сега не ја платила казната затоа што не сака и не мисли дека е виновна, туку дека ги бранела законите на Србија бидејќи Ратко Младиќ е осуден воен злосторник. Како што по изрекувањето на пресудата рече дека нема да плати одредена сума и дека е подготвена да оди во затвор, и сега повторува дека не бега од одговорност и дека е подготвена да се јави на издржување на казната.