Ахмети го отвори музејот на УЧК во кумановско Сопот – „Голема Албанија“ е изгравирана на мермер, изложени се фотографии од борците

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Викендов, во кумановското село Сопот, лидерот на ДУИ Али Ахмети го отвори меморијалниот центар или музеј на УЧК.

На свеченоста, како што пренесоа дел од медиумите, Ахмети упатил неколку пораки дека Албанците се господари во Македонија и дека се државотворци.

– Кога ја почнавме активноста, ја почнавме за да ја направиме Албанија, да нема граница, но политиките се сменија и избравме прагматизам, а не фанатизам. Ние избравме Албанците во Македонија да бидат државотворци, да бидат господари во оваа земја и да се залагаат во сопствената држава, а ова знаме денес е официјално и неприкосновено. Еве ја крвта на стотици војници, патриоти и Албанци. Албанскиот јазик е официјален и неприкосновен – изјавил Ахмети.

Во музејот се изложени фотографии на команданти на УЧК од Косово како што е основачот Адем Јашари, како и ликови од воениот конфликт во Македонија како Исмет Јашари, но и фотографиите од поранешниот командант на УЧК, Али Ахмети.

Меѓу музејските експонати е и знамето на „Голема Албанија“, во чии рамки се голем дел од Македонија, Србија и од Грција.

Пред влезот на комплексот се наоѓа мермерна плоча со картата на „Голема Албанија“.

Share This Article