More

    Агенцијата смета дека се поврзани со иницијативата за одземање лиценца на Алсат-М

    spot_img

    Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски примил пораки со заканувачка содржина на својот мобилен телефон, испратени од анинимен јавувач, информира Агенцијата и додава дека пораките се примени на 13 јули, само два дена откако Агенцијата, разгледала и отфрлила поднесената анонимна Иницијатива за одземање на дозволата на ТВ Алсат-М.

    Агенцијата ја разгледа доставената Иницијатива, меѓутоа се утврди дека не може да се пристапи до линковите кои беа посочени како наводен доказ дека Ве Ве Гроуп, сопственик на Алсат М ја злоупотребува телевизијата и врши притисок врз државните институции за остварување на своите бизнис потреби. Воедно, Иницијативата беше доставена како анонимна пријава и немаше можност да се извести подносителот да ги отстрани недостатоците во неа.

    Во медиумската легислатива се јасно утврдени основите поради кои може да биде одземена дозволата на некое радио или телевизија, токму за постапувањето да не биде на произволна основа туку во точно определени случаи.

    Упатувањето заканувачки пораки поради неисполнето барање, засновано на лични желби и лични интереси, претставува индивидуално психичко вознемирување и малтретирање и во случајов, притисок и директно загрозување на слободата на медиумите и на слободата на информирање и изразување“ – се вели во соопштението на АВМУ.

    Агенцијата го пријавила случајот во Министерството за внатрешни работи и кај останатите надлежни институции, од каде очекува брза разрешница, утврдување одговорност на лицето кое упатило закани и негово соодветно санкционирање. Воедно, известени се и релевантните меѓународни организации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img