More

    Агелер советува во енергетиката да нема партиски надмудрувања

    spot_img

    Енергетската сигурност и зелената енергија се два приоритета кои ќе треба да ги надминат партиските политики, порача денеска американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.

    Обраќајќи се на 7. Македонски енергетски форум (МЕФ) што се одржува во Скопје, Агелер истакна дека земјава во голема мера закрепна од неодржливото енергетско опкружување, но допрва претстојат вистински предизвици. Според неа, земјава треба да го заврши грчко-македонскиот гасовод кој ќе ги елиминира, како што рече, зависноста од Русија и заканите на одредени прекини во снабдувањето.

    – Со интерконекторот Северна Македонија ќе може да гради централи со погон на гас и да ја олесни транзицијата од јаглен кон други извори – рече Агелер, потсетувајќи дека земјава ја има поддршката од САД за спроведување на зелената транзиција.

    На форумот ќе стане збор за воспоставување енергетска сигурност и безбедност во регионот, трансформација на енергетската инфраструктура, еколошка одржливост, примена на технологија и иновации, како и за финансирање на реформите кон зелена транзиција.

    Евроамбасадорот Дејвид Гир уште еднаш ја искажа европската поддршка за реформите на земјава кон зелената транзиција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img