Никој не е над Законот и секој треба да сноси одговорност за своите постапки, истакна денеска во Штип, амбасадорката на САД во Македонија, Ангела Агелер.
Амбасадорката најави дека т.н. црната листа ќе се проширува затоа што е нешто што го бараат и го наметнуваат законите на САД и таа е диманична и органска и постојано претрпува промени.
– Во секој случај има мноштво имиња кои можат да се изберат, се разгледуваат повеќе имиња, се разгледуваат случаи, се следи ситуацијата воопшто и може ќе ве разочарам зошто немам конкретен датум кога оваа црна листа ќе биде ажурирана, меѓутоа тоа постојано се прави – изјави Ангела Агелер, амбасадрока на САД во Македонија
Што се однесува до македонското законодавство, Агелер со став дека реформите во правосудството се неопходни и нужни.
– Секоја реформа во Судскиот совет и воопшто, секоја реформа во судството треба многу внимателно да се разгледа и тие прашања да се разгледаат и да се донесат мудри одлуки, но во секој случај има еден патоказ од ЕУ, кој ние како амбасада и како земја го поддржуваме – додаде Агелер.
Амбасадорката, заедно со премиерот и министерот за одбрана денеска во касарната „Јане Сандански“ во Штип го посетија лесниот пешадиски батаљон и ги промовираа новите 6 лесни оклопни возила, наменети за оваа единица.