Агелер ги пофали политиките на Народна банка за време на кризите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во услови на глобална неизвесност, монетарната политика придонесува со своите мерки за одржување на стабилноста на макроекономското окружување во земјава. Народната банка има витална улога во одржувањето на макроекономската стабилност, особено преку нејзините напори за справување со последователните кризи изминатите четири години. Професионалноста, стручноста и посветеноста се секогаш на највисоко ниво кога станува збор за Народната банка.

Ова е  заклучено на средбата меѓу гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер.

Како што соопшти Народна банка, при тоа е нагласена високата доверба на јавноста кон Народната банка, дури и во периодот на кризи, како и  важноста на силните и кредибилни институции, особено во кризни времиња, кога треба да се носат мерки за поддршка на економијата.

– Со помош на политиките коишто ги презеде централната банка, инфлацијата се сведе на едноцифрена стапка, додека девизните резерви се зголемија за 40%, во однос на преткризниот период. Банкарскиот систем е стабилен, добро капитализиран и обезбедува поддршка за граѓаните и фирмите – забележа Ангеловска-Бежоска.

Една од темите коишто е разгледани била и  сегашната монетарна политика, којашто иако е соодветно поставена, но е нагласено дека е неопходно  внимателно да се следат инфлациските движења и да се одржува натамошна претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска изразила благодарност за поддршката којашто ја добива земјава од САД во подобрувањето на капацитетите и во зацврстувањето на улогата на институциите на државата.

Гувернерката и амбасадорката ги разгледале и начините за натамошно зајакнување на соработката и партнерството за обезбедување одржлив и инклузивен раст за нашата држава.

Share This Article