На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четвртокот минатата недела, меѓу другото, се разговараше и за кандидатурата на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Северна Македонија, информираше партијата преку соопштение.„Поради тоа што Уставот на РСМ, член 67, одпределува дека претседателот на републичкото Собрание не може да биде и претседател или функционер на политичка партија, Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива и од сите други функции на партијата. Пред тоа, согласно статутот на Алтернатива, претседателот Африм Гаши го овласти потпретседателот Беким Сали да ги извршува формалните обврски на партијата до конечното решавање на темата на претседателот на Алтернатива“, наведено е во соопштението.