More

    Со вас Македонија нема европска иднина, му порача Мицкоски на Ковачевски

    spot_img

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Берово му одговори на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски кој во јавните настапи вели дека нема откажување од иднината и од патот кон Европската Унија.

    Мицкоски го праша Ковачевски за која Европска Унија зборува, дали тие се за ЕУ со тоа што Македонија ја направија најсиромашна држава во Европа и земја со највисока инфлација, посочувајќи му дека ниеден македонски граѓанин не им верува дека можат државата да ја внесат во унијата.

    – Кое ЕУ господине Ковачевски? Вие ли сте за ЕУ, вие кои ја направивте Македонија најсиромашна во Европа и држава со највисока инфлација? Албанија подготвува вселенска програма, вие со Али и Артан не заглавивте во калта составена од вашите ситни интереси и сребролјубие… Каква Европска Унија? Па никој жив не верува дека вие може во ЕУ да не внесете – рече Мицкоски.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека во ЕУ не примаат криминалци и дека таквите завршуваат само во затвор.

    – Во ЕУ не примаат луѓе кои земаат провизии од 50 милиони евра на тендери, кои со црните пари купуваат цели трговски центри, кои делат шамари на синдикалци во контрола на летање, кои од сè прават бизнис за личен ќар. Вие не сте ЕУ. ЕУ се вредности пред сè. ЕУ е систем на правда и напредок. Вие сте пудлици во скутот на ДУИ кои ја злоупотребија довербата на граѓаните и ќе одговарате за тоа, затоа што ја продадовте државата, а продавате нешто што не е ваше, што сте го наследиле од минатите генерации и сте го позајмиле од идните- истакна Мицкоски.

    Тој посочи дека време на владеачките структури е одброено и дека со овие избори Македонија мора да се ослободи од ова СДСМ и од ДУИ. Мицкоски ги повика  граѓаните и народот на Македонија да излезат масовно на изборите.

    – Вие го раскрчмувате како да е ваша лична сопственост. Се однесувате со државата како со душман. Проценти од тендери делите како смоки на детски роденден. И вие за ЕУ ќе зборувате. Одете скријте се некаде. Прочитани сте. Со вас нема ЕУ. ЕУ има со луѓе кои ке работат чесно и одговорно и ќе се залагаат за реформи и европско вредности. ЕУ има со нас и со идниот претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова. Со луѓе кои ќе ги штитат националните интереси и нема да дозволат Македонија да зависи од артановци, туку ќе се борат за правда, за ред, за систем и за подобар живот за сите граѓани – порача Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img