More

    Аеродромот во Брисел поради штрајкот откажа 70 отсто од летовите

    spot_img

    Аеродромот во Брисел ќе откаже 70 отсто од летовите на 16 декември за да се спречи прекинот предизвикан од националниот штрајк поради зголемените цени на енергијата и високите трошоци за живот.Различни синдикати во Белгија повикаа на еднодневен штрајк на 16 декември, барајќи повисоки плати против високите трошоци за живот.

    Се очекува штрајкот во кој треба да бидат вклучени јавниот сектор, образованието и здравствените работници, негативно да се одрази на бизнисот и транспортот низ државата.

    Синдикатите поставуваа различни барања, меѓу другото, зголемување на платите и ограничување на цената на енергенсите.

    Аеродромот во Брисел ќе применува различни мерки за спречување на прекини поради штрајкот.

    Тој очекува на штрајкот да се приклучат значителен дел од вработените во обезбедувањето и другите служби на аеродромот.

    Поради оваа причина, бриселскиот аеродром побара од авиокомпаниите да го намалат дневниот капацитет на летови за 70 отсто на 16 декември.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img