Најголемата авиокомпанија Бритиш ервејс во Велика Британија откажа околу 80 летови поради екстремно ниски температури и магла.
Авиокомпанијата најави дека ќе мора да го намали бројот на летови за околу 15 проценти поради временските услови и ограничувањата на контролата на летање.
Температурата вечерва се спушти на -8,4 степени Целзиусови, што е најниска температура забележана од декември 2010 година и најстудена јануарска ноќ од 1987 година.
На информативните табли за полетувања од аеродромот Хитроу пишуваше дека се откажани летовите за Берлин, Амстердам и Мајами.
Жолто предупредување за магла денеска имаше за делови од јужна и источна Англија.
Во соопштението, Бритиш ервејс изјави дека „се извинува на клиентите чии летови се откажани“ и понуди враќање на средствата или резервација на алтернативна маршрута на летот.