Адвокатот Васко Стојков попладнево е викнат во полициска станица на распит

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Адвокатот Васко Стојков попладнево е викнат во полициска станица на распит, дознава МКД.мк.

Стојков пред неколку дена изјави дека тој со неговото возило го однел Љупчо Палевски – Палчо во Белград на преглед и истиот ден се вратил во Македонија.

Тој изјави дека тогаш воопшто не знаел дека Палевски е осомничен за двојно убиство.

– Не знаев дека е одговорен за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Ме замоли да го однесам во Белград бидејќи нема возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе возилото. Јас не знаев ништо за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград на преглед. Се вратив во Скопје. Палевски ми рече дека ако не е во ред ќе оди на преглед во Истанбул. Кога се вратив полицијата правеше претреси, ме прашаа и тогаш им кажав – изјави Стојков на 4 декември.

Тој го однел Палевски во Белград на 3 декември, истиот ден кога малата Вања веќе била убиена.

Share This Article