Адвокатот Наумовски објасни зошто ја повлече иницијативата за правно толкување на помилувањата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Адвокатот Миле Наумовски објасни дека ја повлекол својата иницијативата до Врховниот суд за правно толкување на помилувањата на поранешни функционери, издадени од поранешниот претседател Ѓорге Иванов, затоа што неодамна донесените измени во Кривичниот законик предвидуваат многу пониски казни за актуелни но и поранешни функционери.

– Веќе не гледам потреба Врховниот суд да одлучува по ова прашање. Ја повлеков иницијативата затоа што законодавецот со измените на Кривичниот законик го стесни полето за примена на членот 353. Во најголем дел беше обработен овој член, додека аболицијата беше ставена на крајот – изјави Наумовски за порталот А1.он.

„Врховниот суд на Република Северна Македонија на 27.10.2023 година доби поднесок од адвокатот Миле Наумовски, со кој во целост се повлекува Иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, која се однесува на повеќе прашања во врска со кривичната постапка, помеѓу кои и за прашањето за дадените помилувања од страна на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов“ – се вели во соопштението од Врховниот суд.

Тој иницијативата ја поднел на 23 јуни, но Врховниот суд соопшти дека таа постои дури три месеци подоцна, преку соопштение кое беше објавено на неговата официјална веб-страница.

Share This Article