Ирина Боровиќ, адвокатката на момчето осомничено за нападот во училиштето во Врачар, за Нова.рс изјави кои се следните чекори во случајот.„Сега треба да се направат токсиколошки анализи на ВМА, по што претставник од Центарот за социјална работа ќе разговара со него. После тоа ќе биде интервјуиран од психолог и психијатар, а од тоа ќе зависат следните чекори“, вели Ирина Боровиќ за Нова.рс.
Таа додава дека таткото на момчето е задржан до 48 часа, а тој ќе биде сослушан во петок. Потоа ќе се одлучува дали ќе биде приведен или пуштен на слобода.
Престрелката се случила утрово околу 8 часот во училиштето во Врачар.
Загинаа девет лица, меѓу кои осум деца и еден портир.
Како што соопшти претходно денеска МУП, осомничениот студент долго време го планирал делото. Во неговиот стан е пронајден список на ученици кои планирал да ги ликвидира, како и нацрт на училиштето во кое се случило злосторството.