More

    Адријана Лима го покажа тримесечниот син

    spot_img

    Светскиот топ модел Адријана Лима веќе извесно време е во Катар, каде со партнерот, филмскиот продуцент Андреа Лемерс и пријателите го следи Светското првенство во фудбал. Интересно е што Адријана навиваше со ист ентузијазам како и српската репрезентација до испаѓање, а потоа и за родниот Бразил. Инаку, друштво и прави Ана Антиќ – наследничката на српскиот селектор и поранешен фудбалер Радомир Антиќ, со која остана во одлични односи и по разводот со Марко Јариќ.

    Адријана не го криеше незадоволството од загубата на Бразил, но од друга страна сепак нешто друго ја насмеа. Имено, и Андре и нивниот син Сајен се појавија во идентични дресови, кои манекенката ги сподели со своите следбеници, а ова беше и првпат по породувањето да го покажа неговото лице.

    „Сине мој, мамо ја гледа радоста во твојата насмевка бидејќи го гледаше првиот фудбалски турнир со тато. Наскоро, јас и твоите сестри повторно ќе ти се придружиме за да бидеме едно големо среќно семејство како што сме секогаш! Ве сакаме… Би сакала да искористете ја оваа прилика да му се заблагодариме на семејството Инфантино што нè направи дел од семејството на „Светскиот куп на ФИФА“… овие спомени засекогаш ќе бидат во нашите срца… П. С. Не обрнувајте внимание на цената што тато заборавил да ја отстрани“, напишала таа покрај фотографијата.

     

    Секако, нејзините следбеници воодушевени ја коментираа објавата на славната манекенка.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img