More

    Адеми: Законските измени биле побарани за коридорите да се изградат побрзо и поевтино

    spot_img

    Пратеникот и координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми преку објава на својот профил на Фејсбук реагираше на тврдењата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски дека пратеници од власта без безбедносен сертификат веќе имале увид во Договорот со „Бехтел и Енка“, посочувајќи дека тие како група пратеници поднеле закони за, како што вели, градбата да трае пократко и поевтино.

    – Милошоски лаже. Милошоски дрско лаже. Свесно креира лажни вести и ја става во заблуда јавноста. Ние, група пратеници, поднесовме закони за градбата да трае пократко и поевтино. ВМРО заедно со Левица ги блокира законите и свесно и намерно ги чинат граѓаните над 150 милиони евра и изгубени уште две години од нивните животи. Ако бараат изговори за блокирање на законите нека најдат пологична причина, а не да се служат со лаги – вели Адеми.

    Тој вели го бараа договорот, ќе го добијат и сами нека одлучат на која комисија сакаат да се одржи и кога да се одржи.

    – Очигледно сега смислуваат лаги за да продолжат со шпекулациите за најголемиот стратешки проект на државата. Ова е целосна невистина и брутална лага – наведува Адеми.

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска на прес-конференција истакна дека тие според Законот за класифицирани информации бараат да им биде биде даден на увид Договорот за „Бехтел и Енка“, а не, како што рече, некој министер да им го раскажува. Милошоски тврди дека Договорот веќе имале можност да го видат осум пратеници од ДУИ и двајца од СДСМ, од кои, како што рече, двајца пратеници немале безбедносен сертификат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img