More

    Абазовиќ открива нови моменти од истрага

    spot_img

    Шест лица се осомничени дека учествувале во копањето на тунелот под Вишиот суд во Подгорица, а возилото кое го користеле за обивање на судското депо е пронајдено, соопшти премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ откривајќи детали од истрагата за случајот.

    -Неверојатно е дека Вишиот суд не можел да постави камера во депото, чини околу сто евра, мислам, да има видео надзор. Депото изгледа како од рубриката Верувате или не. Архивата во Врховното обвинителство изгледа исто, голем институционален проблем – изјави Абазовиќ за РТЦГ.

    Депото на Вишиот суд во Подгорица е урнато и до него е ископан тунел, чиј почеток е во стан на соседна станбена зграда, што се наоѓа спроти зградата на судот, во центарот на Подгорица.

    Зградата на Вишиот суд беше во реконструкција во последните месеци, а тој дел од Подгорица е вмрежен со тунели од претходниот период. Во депото биле чувани документи од истраги, материјали одземени при увид и значително количество дрога запленета при полициски акции. Тунелот го откриле судски службеници кога почувствувале провев.

    Бирото за оперативна координација на органите на разузнавачкиот и безбедносниот сектор (БОК) денеска соопшти дека ова е најопасниот напад врз државните институции и правосудниот систем.

    Во депото на судот, според локалните медиуми, имало повеќе од девет тони дрога, 400 парчиња оружје, муниција, експлозиви и документи.

    -Иако Подгорица е поврзана со подземни тунели, за да стигнат до просториите на судот, сторителите морале да ископаат и да пробијат ѕидови со дебелина од 70 до 80 сантиметри. Имаме сомневање дека целта бил лесен пристап до судот и до притворската соба, бидејќи се наоѓа во непосредна близина на просторијата за притвор – изјави претседателот на Вишиот суд Борис Савиќ.

    Но, со тоа не се согласува шефот на црногорската полициска управа, Никола Терзиќ.

    – За разлика од претседателот на Вишиот суд, кој рече дека речиси ниту еден доказ од депото не недостасува, мислам дека никој не вложил толку труд и напор заради рекреација, иако би сакал да е во право, а јас да грешам. Стравувам дека вистината ќе биде поинаква – рече Терзиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img