Најавени нови 10 милијарди долари помош за Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека во наредните месеци САД ќе ѝ дадат на Украина нова економска помош која ќе изнесува 10 милијарди долари.

Јелен ја даде оваа изјава на маргините на состанокот на министрите за финансии на земјите од Групата 20 најголеми економии во светот (Г-20), што се одржува во јужниот индиски град Бенгалуру.

Таа нагласи дека е исклучително важно Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) брзо да претстави програма за финансиска поддршка на Украина.

– Киев се надева дека ќе добие најмалку 15 милијарди долари во текот на неколку години во рамките на програмата на ММФ – изјави претходно украинскиот премиер Денис Шмигал по средбата со директорката на ММФ, Кристалина Георгиева. Таа, исто така, учествува на состанокот на министрите за финансии на Г-20 во Бенгалуру.

Share This Article