Тројцата министри од партијата Алтернатива беа разрешени на денешната 104-та седница во Собранието

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тројцата министри од партијата Алтернатива, која си оди од власта, беа разрешени на денешната 104-та седница во Собранието. Нема воздржани при гласањето. „За“ разрешувањето на Беким Сали, министерот за здравство, гласаа 65 пратеници, а  64 за разрешувањетото на Адмирим Алити, министерот за информатичко општество и администрација и на Џемаил Чупи, министерот без ресор задолжен за дијаспора.

На местото на тројцата министри се очекува да дојдат министри од партијата Алијанса, со што би била извршена реконструкција на Владата. За оваа промена, пратениците ја отворија втората точка од расправата. За нови министри предложени од Владата се – Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министерка за животна средина.

На денешата седница се очекува да бидат разрешени и замениците-министри за одбрана, за земјоделство и за образование и наука.

Share This Article