Бугарскиот рапер „Устата“ кој ја навреди Македонија во своја песна вели дека се обратил до бугарското Министерство за надворшени работи и до бугарската Државна агенција за Национална сигурност(ДАНС) за да ја бара правдата поради, како што тврди, 100-те смртни закани кои ги добил по објавување на песната, јавува бугарската телевизија „Нова“.
Во средата раперот прво поднел пријава во полиција, но нагласил дека прашањата што таму му ги поставувале биле апсурдни.
– Затоа решив да се обратам до повисоките институции – изјави Динев за „Нова“.
„Устата“, односно Иван Динев претходно објави песна во која ги имаше и следните стихови:
„Прва лекција по историјата на Македонија. Тоа не е држава, туку територија. Мала провинција со големи амбиции, пораднала со бугарските традиции“.
„Со бугарски корени се сите дрва до 1945-та година. Македонскиот јазик е дијалект на бугарскот“, вели тој понатаму во песната.
На неговите стихови со свои рап-стихови му одговори македонскиот водител и шоумен Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит.