Сериозно предупредување од Столтенберг

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Владимир Путин се подготвува за нова војна и сојузниците од НАТО мора да ја одржат и да ја зајакнат поддршката за Украина – изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во обраќањето на Самитот на Букурешкиот формат (Б-9) во Варшава.
– Мораме да ѝ го дадеме на Украина тоа што ѝ е потребно за да победи. Не знаеме кога ќе заврши војната, но кога ќе заврши, мораме да обезбедиме историјата да не се повтори. Видовме руска агресија во текот на многу години – Грузија во 2008 година, Крим и Донбас во 2014 година, а потоа и целосна инвазија на Украина минатата година. Не можеме да дозволиме Русија да продолжи да ја поткопува европската безбедност. Мора да го прекинеме кругот на руска агресија. Сојузниците на НАТО никогаш не биле пообединети – рече Столтенберг.

Според него посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Киев испратила јасна порака за непоколеблива поддршка за Украина и американската „цврста посветеност на безбедноста на Европа“. Столтенберг рече дека е „многу задоволен и импресиониран“ од „извонредното лидерство“ на американскиот претседател.

Share This Article