Партијата на Али Ахмети ја обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека поттикнува изјави на војна против Албанците во Македонија.
Од ДУИ најмногу му замеруваат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, поради тоа што објавил фотографија од заклетва во маскирна униформа, со празен калашников во рацете и на тој начин демонстрирал закани кон Албанците.
„И втор ден по ред по скандалозните изјави на Александар Николовски во кои повикува на војна сред собрание, слично и на наративот од 27 април, ниту Мицкоски, ниту ВМРО ДПМНЕ не се дистанцира од тие закани. Николовски е поттикнат од неговиот лидер Мицкоски кој што објавува слика од заклетва во маскирна униформа, со празен калашников во рацете, и опкружен со деца и жени, во којшто демонстрира закани кон Албанците. Мицкоски сè уште не одговори дали има вистина во тврдењата на неговите градоначалници дека изрично им забранил да ги легализираат домовите на Албанците во тие општини иако ги исполнуваат законските услови, дека им забранил да соработуваат со Албански бизнисмени и да не издаваат дозволи за градба, со порив од расистички демографски политики. Нивната мртва трка со Левица на Апасиев поттикнува етничка нетрпеливост која што ја гледаме и слушаме секојдневно на контактните емисии на македонски телевизии и тоа е директна последница на наративот и сликите нa Мицкоски, Николоски, Апасиев“, наведено е во соопштението на ДУИ.