Туроперторите бараат хотели и ресторани со сертификат „Чисто и безбедно“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кинеските туристи се враќаат на Балканот. Првите 1.000 туристи ќе престојуваат во Србија од април до јуни. Ова го соопшти деновиве српското Здружение на хотелиерско угостителство (ХОРЕС.

Претставници на ова здружение имаа средба со двата најголеми кинески тур-оператори „Caissa Group“ и „Utour Group“ и ги запозна со деловното опкружување на хотелиерската и ресторанската индустрија во Србија во периодот после Ковид

Кинеските партнери очекуваат задоволството од гостопримството, хотелите, рестораните и туристичките капацитети да биде исто како и пред пандемијата и најавуваат доаѓање на кинески туристи во значително поголем број, во однос на 2019 година, која беше рекордна за српскиот туризам.

Од ХОРЕС потсетуваат дека во 2019 година во Србија биле регистрирани повеќе од 150.000 кинески туристи и дека Кина е меѓу првите три земји по бројот на пристигнувања на странски туристи.

Според она што го објавија српските медиуми претставниците на кинеските агенции очекуваат нивните туристи да престојуваат во хотели и ресторани со сертификат „Clean&Safe“, бидејќи здравствените и хигиенските мерки се еден од предусловите за безбеден престој, нивните туристи .

Share This Article