Биоботи ќе можат да собираат информации за преживеани при земјотреси

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Романскиот професор Михаил Сикитиу од американскиот Државен универзитет на Северна Каролина работи на нови, мали биоботи – бубачки со вградени уреди што би можеле да спасат десетици илјади животи во случај на земјотрес.

– Се обидовме и со молци, но со нив е покомплицирано, бидејќи можат да кренат само грам или два. Со бубашвабите е полесно oти се поголеми и можат да носат 4-5, а понекогаш и 10 грама, објаснува професорот.
Затоа, проектот главно користи бубашваби од Мадагаскар.

Во овој случај, бубачката „киборг“ е „вооружена“ со мини-електроника и се пушта низ урнатините. На нивниот грб се поставени минијатурни, литиум-полимерни батерии помали од нокт и електронски кола за комуникација со звучник и микрофон со радиопредавател.

Малиот инсект така, далечински управуван и раководен, може да се протне низ мали пукнатини и да собере вредни информации за потребите на спасувачите.

Share This Article