More

    Јапонија најави пакет финансиска помош за Украина од дури 5,5 милијарди долари

    spot_img

    Јапонската влада ќе ја зголеми финансиската поддршка за Украина во вредност од 5,5 милијарди долари пред 24 февруари, првата годишнина од руските напади.

    Јапонија, овогодинешниот претседавач на Групата 7, им се придружи на западните сили во воведувањето санкции кон Москва од почетокот на војната во Украина на 24 февруари 2022 година.

    Премиерот Фумио Кишида во обраќањето на симпозиумот во главниот град Токио рече дека ќе и даде на Украина уште 5,5 милијарди долари финансиска помош.

    Како што наведува агенцијата Кјодо, планирано е финансиската помош да биде искористена за реконструкција на украинската инфраструктура уништена во војната.

    Јапонија веќе обезбеди 600 милиони долари финансиска поддршка за Украина, заедно со итна хуманитарна помош вредна стотици милиони долари, соопшти кабинетот на премиерот.

    Кишида, исто така, најави дека во петок, на една година од инвазијата, ќе одржи видео-конференција на лидерите на Г7 со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува JapanTimes.

    „Оваа година Јапонија, како претседател на Г7 и непостојана членка на Советот за безбедност на ОН, ќе ја поддржи Украина во нејзината борба против руската агресија и ќе ги води напорите на светот за одржување на слободен и отворен меѓународен поредок заснован на владеењето на закон“, рече Кишида.

    Лидерите на Г7 ќе се сретнат лично во мај во Хирошима.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img