Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Иран, јавува Анадолија.
Според податоците на Националниот сеизмолошки центар на Иран, епицентарот на земјотресот, кој се случил во 9 часот и 35 минути по локално време, бил во селото Дорз во провинцијата Фарс.
Наведено е дека земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.
Засега не се знае дали има материјална штета или жртви во земјотресот.