Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран на границата меѓу Турција и Сирија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на 60 километри северно од сирискиот град Латакија и 30 километри јужно од турскиот град Белен. Според очевидци, имало силно тресење и причинета е материјална штета.
Според Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), имало два одделни потреси. Еден се случил околу 20.04 часот. по локално време во областа Дефне во Хатај, со јачина од 6,4 степени, додека другиот се случил три минути подоцна, со епицентар во провинцијата Самандаг во Хатај, со јачина од 5,8 степени.
Според првичните извештаи, најмалку 8 луѓе се повредени во денешните потреси.
Освен во Турција и во Сирија земјотресите биле почуствувани и во Либан и во Палестина.
Турската агенција Анадолија објави видеоснимки од денешните потреси на својот профил на Твитер.