Речиси неверојатна приказна е патувањето на еден тинејџер Албанец, кој во обид илегално да влезе во Британија, бил ставен во ковчег

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Речиси неверојатна приказна е патувањето на еден тинејџер Албанец, кој во обид илегално да влезе во Британија, бил ставен во ковчег. Случајот за кој станува збор бил откриен при рутинска проверка на комбе, од страна на француски граничари во близина на Данкирк.

Според албанските медиуми тинејџерот, чиј идентитет не се наведува од правни причини, пред надлежните изјавил дека платил 9.000 фунти за своето патување во Британија со комбе.

Можеби ќе ве интересира
ВООРУЖЕТЕ ЈА УКРАИНА СЕГА Сунак порача дека е потребно…

Плусинфо 18/02/2023
ФРАНЦИЈА Е ПОД СЕРИОЗНИ ТЕРОРИСТИЧКИ ЗАКАНИ Предупредување…

МИА 17/02/2023
– Ме ставија во ковчег на сервисна станица на автопатот во Стинворде (северна Франција). Сигурно бев внатре најмалку еден час додека комбето застана – додал тој.

Ковчегот, на кој му бил зашрафен капакот, бил скриен меѓу дрвени кутии во задниот дел на комбето „мерцедес спринтер”. Возачот, Романецот Лусијан-Раду Ризае, негирал дека имал било каква информација за она што било пронајдено во возилото што го управувал.

Млади Албанци, пред се од северниот дел на земјата, Кукс и Скадар, масовно заминуваат во Велика Британија. Минатата година со гумени чамци преку Ла манш на британска територија пристигнале најмалку 13 илјади. Поради засилените контроли сега најчесто се обидуваат да влезат скриени во камиони кои транспортираат разна стока.

Share This Article