Режисер го исмеа Том Круз на доделувањето на наградите

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Комичарот и режисер Џад Апатоу го водеше доделувањето на наградите на Здружението на режисери на Америка, а на сцената во својот говор го исмејувал актерот Том Круз, пишува „Вариети“.

Режисерот се пошегувал за висината на Круз, неговата желба сам да изведува опасни акциони сцени, но и за неговите скиентолошки верувања и за воспитувањето на децата што ги има со актерките Никол Кидман и Кејти Холмс.

„Се сеќавате ли кога Том Круз скокаше на каучот и сите помисливме: „Каков луд човек!““, го започнал говорот, потсетувајќи се на контроверзното појавување на актерот на Опра во 2005 година.

„Сега го гледаме како се фрла од карпите на мотор и мислиме: „Добро е Том“. Не, Том не е добро. Некој треба да му објасни дека ова е CGI. Имаш 60 години. Смири се“, му порачал комичарот.

Но, тој не застана тука, се осврнал во приватниот живот на актерот.

„Се чини дека единственото нешто од што навистина се плаши е заедничкото старателство врз децата и антидепресивите. Денеска земав Прозак само поради ова! Поради ова! Што мислите, што би помислил Том ако не зема толку многу антидепресиви? Веројатно нешто во стилот: „Нема шанси да скокнам од оваа карпа кога сум толку брутално богат“.“

Со оваа шега комичарот се осврнал на трите деца на Круз, две од бракот со Никол Кидман и едно со Кејти Холмс, а актерот јавно го изрази противењето за земањето антидепресиви, во согласност со неговите религиозни убедувања.

Апатоу го заврши својот говор со шега за висината на актерот, кој изнесува 170 сантиметри.

„Специјалните ефекти во „Маверик“ се толку добри што не успеав ни да го видам купот телефонски именици на кои седеше Том за да ги дофати контролите на авионот“, се пошегувал тој.

- Advertisement -
Ad image

Иако Круз не беше присутен на наградите, продуцентот на „Маверик“ Џери Брукхајмер и режисерот Џозеф Косински беа таму, и тие не изгледаа премногу воодушевени. Да потсетиме, за разлика од Апатоу, режисерот Стивен Спилберг имаше само пофални зборови за славниот актер на неодамнешниот настан по повод доделувањето на Оскар.

Share This Article