Полициски службеници од Полициската станица на граничниот премин Блато вчера го привеле А.С.(64) од с. Чегране, гостиварско, поради обид за поткуп.
На граничниот премин Блато при пасошка контрола при влез во државата А.С. во својата патна исправа ставил пари и се обидел да даде поткуп на полицискиот службеник.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.