More

    Бислимовски рече дека можно е враќање на дневната евтина струја од 14 до 16 часот, но прво да заврши зимата

    spot_img

    Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски рече дека можно е враќање на дневната евтина струја од 14 до 16 часот, но прво да заврши зимата.

    – Прво да видиме како ќе заврши оваа грејна сезона, да го видиме производството на ЕСМ, да видиме како оди набавката на електричната енергија, па понатаму ќе размислуваме за сите можни опции што ги имаме – најави Бислимоски.

    Тој посочи дека домашното производство на електрична енергија во периодот од октомври минатата година до јануари годинава е на завидно ниво. Така, во првиот месец годинава, 87 отсто од потребите за електрична енергија во државата се обезбедени од домашни капацитети, додека само 13 отсто е увезена и тоа за сите потрошувачи, а не само за домаќинствата и малите потрошувачи. Тоа, според Бислимоски е добар резултат.

    – Позитивните трендови продолжуваат, намалени се загубите, а ЕСМ може да има дополнителни приходи од продажбата на вишоците. Така што, имаме добар материјал за почеток на дискусија за враќање на евтината дневна струја – рече Бислимоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img