Уште една земја го повлекува признавањето на Косово

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска пристигна во Баварија за да учествува на 59 Минхенска безбедносна конференција, каде откри дека уште една земја го повлекува признавањето на Косово.

Тој во текот на денешниот ден остварил низа билатерални средби со светски претставници, меѓу кои британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, пишува Телеграф.

Српскиот лидер имал средби и со францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и американскиот државен секретар Антони Блинкен. По средбата тој се обратил до медиумите и изјавил дека средбите биле добри и многу важни.

– Клучна тема во речиси сите разговори беше разговорот со Приштина – рече Вучиќ и додаде дека смета дека добро ги застапува интересите на Србија. Новинарите го прашаа за „добрите вести“ што најави дека ќе ги објави наскоро.

Тој одговори дека поседуваат нота со која уште една земја го повлекува признавањето на Косово, но посочи дека не може да каже за која земја се работи бидејќи договорот треба да чека десет дена за официјалното објавување.

Share This Article