Спасовски: Импозантни 78 години постоење на Одделот за заштита на определени личности и објекти

Saso
By Saso 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Денеска, (17.02.2023), во турскиот амфитеатар во Центарот за обука на МВР во Идризово со посебна свеченост за прв пат во историјата на државата беше одбележан уште еден значаен ден за македонската полиција – 18 февруари, Денот на формирањето на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Бирото за јавна безбедност во МВР.

По тој повод обраќања на овој настан имаа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и началникот на Одделот за заштита на определени личности и објекти, Александар Нацевски, а во присуство на раководството на МВР, претставници на Македонскиот полициски синдикат, директорите на Агенцијата за национална безбедност и Агенција за разузнавање, претставници на Амбасадите и полициски аташеа во нашата држава.

„Оваа високо специјализирана, професионална безбедносна формација, во рамки на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, кај народот позната како Шеста Управа, одбележува импозантни 78 години постоење. Нејзината мисија ги влече корените дури од АСНОМСКА Македонија, кога со многу храброст и мудри одлуки беше добиена битката за слобода и државност. Токму тогаш, новата поставеност на државниот ред и поредок бараше организирано и структурирано обезбедување на виталните државни објекти, на настаните од високо безбедносно значење и секако гарантирање на животот и личниот интегритет на определени лица, со што се поставија и темелите на оваа служба”, истакна министерот Спасовски во своето обраќање.

Министерот Спасовски нагласи дека честопати говори за тоа дека напад врз институција е напад врз самата држава.

„Како министер за внатрешни работи, следејќи ја работата на службата, можам слободно да кажам дека вие, припадниците на ОЗОЛО, по природата на работата која ја извршувате, сте на браникот на државата. Бидејќи, институциите кои вие посветено и пожртвувано ги обезбедувате го претставуваат ликот на државата”, порача министерот Спасовски до припадниците на ОЗОЛО.

Потенцирајќи ја исклучителната важност за тоа дека како држава го добивме претседавањето со ОБСЕ, како и улогата на домаќини на 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ во мај годинава, министерот Спасовски обраќајќи се кон припадниците на ОЗОЛО рече:

„Токму вие, припадниците на ОЗОЛО сте носители на дизајнот и имплементацијата на оперативните безбедносни планови и акции, како што впрочем тоа го сторивте и со самитот Отворен Балкан Охрид, Преспа Форум дијалогот, како и посетата на Неговата Светост, Папата Франциск, за што ви оддавам посебно признание”, порача Спасовски.

Во однос на потребата од создавање на услови за непречено одвивање на активностите, министерот Спасовски нагласи дека како раководство на МВР изминативе неколку години посветено ги унапредуваат работните услови на вработените.

„Неизоставна беше и реконструкцијата на објектот на ОЗОЛО, кој се вброи во 78-те комплетно реконструирани објекти досега. После многу години, вработените тука добија нови комплет униформи и тоа во два наврата – во 2018 и во 2021 година”, рече Спасовски.

- Advertisement -
Ad image

На крајот од своето обраќање министерот Спасовски честитајќи го Денот на ОЗОЛО нагласи дека Одделот за обезбедување на определени личности и објекти го претставува сврзното ткиво на безбедносниот систем на МВР, на државата, но и нашата слика кон меѓународната заедница.

Началникот на Одделот за заштита на определени личности и објекти, Александар Нацевски, во своето обраќање се осврна на историските аспекти на Одделот.

„Изминативе децении, овој Оддел, следејќи ги европските и светските стандарди, се трансформираше во организациска единица за која денес со гордост можеме да кажеме дека претставува високопрофесионална, организирана формација во рамките на безбедносниот систем на државата, кој рамо до рамо со останатите служби во Министерството, ги штити државните интереси”, рече началникот Нацевски, нагласувајќи дел од надлежностите на Одделот меѓу кои и: секојдневно преземање на оперативно-превентивни мерки и активности, против диверзиони, дефанзивно – електро – технички, хемиско и биолошко-здравствени, физички и други мерки за обезбедување.

- Advertisement -
Ad image

Заблагодарувајќи се за безрезервната поддршка на раководството на МВР, началникот го истакна успехот во градењето на стратешките капацитети за беспрекорно функционирање на Одделот, како од инфраструктурен така и од аспект на човечки капацитети.

Нацевски во своето обраќање честитајќи им го Денот на ОЗОЛО на сите сегашни и поранешни припадници им оддаде признание на своите колеги полициските службеници во Одделот, кои со својот професионален однос и стручност, придонесуваат за заштита на достоинството и суверенитетот на државата.

За време на настанот беше презентиран видео спот со кој присутните имаа можност и визуелно да се запознаат со надлежностите на Одделот.

На крајот од настанот беа доделени плакети во знак на признание за континуираната поддршка на Одделот за заштита на определени личности и објекти, доделени од страна на началникот на Одделот, Александар Нацевски на раководството на МВР, како и на проф.д-р Мирослав Грчев и Марјан Кицев, претседателот на МПС, како и на поранешните раководители на Одделот во знак на признание за исклучителен придонес во раководење со Одделот. Исто така, беа доделени и благодарници за успешна соработка и поддршка за партнерите на МВР, за полициските аташеа, како и за другите организациски единици на МВР за успешната соработка, разбирање и поддршка во работата на Одделот за заштита на определени личности и објекти. Од страна на министерот Спасовски на началникот Нацевски му беше доделена плакета за особен придонес во промоцијаsта на професионализмот во МВР и успешна реализација и спроведување на Оперативната Акција ,,Гоце Делчев“ по повод одбележувањето на 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Share This Article