Припадници на МВР во Белград во соработка со Вишото јавно обвинителство откриле лабораторија за одгледување марихуана во вештачки услови и го уапсиле М.Ц. (33) и В.Н. (26).
Тие се уапсени поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотици.
Според соопштението на МВР, полицијата при увид во куќата што ја користеле пријавените пронашла комплетна опрема за одгледување марихуана, околу 200 грама од оваа наркотична дрога и поголема дробилка во Бараево, во околината на Лисовиќ.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.