More

    НСДП: Одлуката на ЕСЧП е уште една потврда дека аболицијата за поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ била незаконска и неуставна

    spot_img
    Со Одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур уште еднаш се потврди дека била незаконска, неуставна и спротивна на сите меѓународни принципи апсурдната одлука на поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов, за колективна аболиција на некогашните носители на високи државни функции од редовите на сега опозициската ВМРО-ДПМНЕ, уште пред да почне кривичниот прогон против нив.
    НСДП изразува задоволство за Одлуката на ЕСЧП да ја отфрли како недопуштена жалбата за поништената аболиција на поранешниот претседател, од 2016 година.
    Пресудата на ЕСЧП е значајна поради тоа што не детектира прекршување на човековите права во кривичниот прогон на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, туку напротив – ги осуетува нивните обиди за уште едно изигрување на правната држава и за заобиколување на правдата.
    Оценката на Судот во Стразбур дека обвинетите и осудените не успеале да ги исцрпат домашните правни лекови значи победа на правото и правдата, наспроти изигрувањата на правната држава што во континуитет ги приредуваа некогашните носители на извршната власт во нашата земја, во периодот до 2017 година. Toe е уште една потврда дека домашните институции ги преземале вистинските чекори за во насока на јакнење на принципите на владеење на правото во земјата.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img