Во четвртото тримесечје од 2022 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 9.344 милијарди денари (152 милиони евра ) и во однос на истиот период претходната година се зголемени за 23,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 29 отсто, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство раст од 6,9 отсто.
Зголемувањето е забележано кај сите производи, освен кај грозјето каде што има намалување за 32 отсто и кај добитокот аде што намалувањето е за 11,7 отсто. Најголем раст на откупот има кај житата од 240 отсто.