На 15.02.2023 околу 15.10 часот на ул.„Вера Циривири Трена“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Е.Ј.(19) и Н.И.(24), двајцата од Штип.
Тие биле затекнати веднаш по извршување тешка кражба во куќа, а кај нив биле пронајдени одземените предмети.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.