Ковачевски ќе им понуди заеднички кандидат на Ахмети и на Таравари?

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Иако на прв поглед делува дека власта е прилично загрижена за бројот на пратеници што ќе го напуштат бродот по партиските рокади напревени во рамките на владината реконструкција, сепак, најважната и најнова цел на премиерот Димитар Ковачевски е покрај себе да го има „светото тројство“ составено од СДСМ, ДУИ и од Алијанса за Албанците, а од кое наскоро очекува да изникне заеднички кандидат за претседател на државата, дознава Плусинфо од извори блиски на СДСМ.

Во ситуација кога обезбедувањето двотретинско мнозинство во Собранието се претвора во невозможна мисија, а сѐ помали се шансите да се исполни и барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за одржување предвремени парламентарни избори, посочуваат нашите соговорници, власта решава да сврти нова страница и да се концентрира на претседателските избори што треба да се одржат во 2024 година.

Стратегијата на премиерот Ковачевски, брифираат изворите, се состои од тоа под своја закрила да ги има двете најсилни политички партии од албанскиот блок, оставајќи ја опозициската ВМРО-ДПМНЕ без силен сојузник кога се во прашање албанските партии.

Како што неофицијално дознаваме, тактиката на премиерот е следната година да се распишат редовни претседателски избори, неколку месеци пред редовните парламентарни, што би требало да се одржат во јуни. Откако ќе се распишат изборите, планот на Ковачевски и на неговите партнери Али Ахмети и Арбен Таравари е да формираат предизборна коалиција и да изберат заеднички претседателски кандидат кој ќе им се спротивстави на кандидатите од расцепканата опозиција: ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Беса…

Според пресметките на власта, евентуалната победа на претседателските избори дефинитивно ќе значи и силен ветер во грбот за време на парламентарни избори што би се одржале четири-пет месеци подоцна.

Впрочем, дека погледите на власта сега се свртени само кон претседателските избори, а не кон обезбедувањето двотретинско мнозинство во Собранието, коментира и поранешниот министер од времето на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, кој во колумна за Дојче веле пишува:

„Со победа на претседателските избори, власта, доколку одлучи да оди на парламентарните избори со македонско-албанска предизборна коалиција, потпомогнато од позитивниот бран од евентуална победа на претседателските избори, може, неочекувано, и целосно незаслужено, повторно да се постави во пол позиција и за следните редовни парламентарни избори“.

Според него, клучот е во шестата изборна единица.

„Шестата изборна единица во овој случај би била клучна за победникот. Македонско-албанска предизборна коалиција на власта нема да значи дека буквално ќе се соберат сите гласови кои би ги имала секоја партија поединечно, но земајќи го предвид Донтовиот модел, во шестата изборна единица власта би можела да направи разлика од 9-10 пратеници во однос на ВМРО-ДПМНЕ, кои ВМРО-ДПМНЕ нема да може да ги надомести со очекуваните големи победи во третата и во четвртата изборна единица, каде што партијата на Христијан Мицкоски, имајќи ја предвид популарноста на Левица и во тие изборни единици, не би можела да направи разлика од вкупно 7-8 пратеници. Дополнително, мултиетничката предизборна коалиција би можела на власта да ѝ донесе поволен резултат и во втората и во петтата изборна единица, а со тоа и пат до тоа повторно мандатот за состав на влада да се довери на власта. Дури и да не успее да состави влада, тоа нема задолжително да доведе до тоа ВМРО-ДПМНЕ да состави влада, туку до можноста да влеземе во бугарското сценарио на бескрајно долга техничка влада, која во овој случај би била предводена од власта“, пишува Тодоров.

- Advertisement -
Ad image

Ако власта навистина кренала раце од обезбедувањето 81 пратеник во Парламентот, тогаш слободно можеме да запишеме мала победа на опозицијата која успеа да спречи ново отворање на Уставот.

Димитар ХристовПолитиколог

Политикологот Димитар Христов во разговор за Плусинфо вели дека сѐ уште е рано да се каже дали новата тактика на власта би можела да му се исплати на премиерот Ковачевски.

– Во последно време сѐ повеќе се зборува дека власта ја менува тактиката и дека очите ги вперува кон претседателските избори што треба да се одржат идната година. Во моментов не би можеле да оцениме дали оваа тактика би му помогнала на премиерот Ковачевски да зграби уште еден премиерски мандат, но не треба да заборавиме дека на последните локални избори Алијанса за Албанците победи само во една општина, па гласовите од оваа партија не верувам дека би смениле нешто драстично во трката за претседател на државата. Во поглед на двотретинското мнозинство, доколку власта навистина кренала раце од обезбедувањето 81 пратеник во Парламентот, тогаш слободно можеме да запишеме мала победа на опозицијата која успеа да спречи ново отворање на Уставот. Околу предизборните коалиции и математики не можам во моментов нешто со сигурност да кажам, оти во политикаа може сѐ да се очекува. Таков пример ни дава и Алијансата на Албанците, која беше црвсто против ДУИ и имаше програма да ја собори од власт, па еве сега се заедно. На толку зборови упатени дека ДУИ е криминална банда, сега одеднаш ќе треба сѐ да заборават и да почнат да соработуваат – објаснува Христов.

Последните претседателски избори во земјава се одржаа на 21 април и на 5 мај 2019 година.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article