Најмалку четири лица загинаа во циклонот во Нов Зеланд, каде армијата евакуираше околу 300 луѓе од покривите на куќите, соопштија локалните власти.
Околу 10.500 луѓе ги напуштија своите домови.
Циклонот Габриел предизвика поплави и лизгање на земјиштето на Северниот остров, каде живеат повеќе од три четвртини од петте милиони жители на Нов Зеланд.
Причинета е голема материјална штета, а повеќе од 140.000 луѓе останаа без струја.
Властите прогласија вонредна состојба која ќе важи до следната недела.