Кривична пријава против М.П.(30) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете”.
– СВР Штип ја поднесе кривичната пријава против М.П. затоа што на 31.01.2023 во спортска сала во Свети Николе, за време на тренинг на ракометен клуб, пријавениот како тренер во клубот физички нападнал малолетник од Свети Николе, кој тренирал во клубот, информираат од МВР.