More

    Регистрирани се 33 случаи на мали сипаници во Србија

    spot_img

    Во Србија годинава се регистрирани 33 случаи на мали сипаници, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

    На територијата на Смедерево се регистрирани 31 случај на мали сипаници, наведе Батут на својата веб-страница.

    Станува збор за деветнаесет невакцинирани деца до две години, три лица од предучилишна возраст и девет возрасни лица со непознат и нецелосен статус на вакцинација.

    На територијата на Нови Сад се регистрирани два случаи на морбили, кај невакцинирано деветгодишно лице и кај четириесетгодишен маж.

    Во последната епидемија на сипаници во Србија, во текот на 2017 и 2018 година, се регистрирани околу 5.800 заболени, од кои 93 отсто се невакцинирани, нецелосно вакцинирани или со непознат статус на вакцинација.

    Тогаш беа регистрирани 15 смртни случаи, меѓу кои четири деца на возраст до пет години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img