Премиерите на Чешката Република, Полска и Словенија во вторник ќе отпатуваат за Киев за да се сретнат со претседателот Володимир Зеленски како претставници на лидерите на Европската унија, објави чешкиот премиер Петр Фиала на социјалните мрежи.
-„Целта на посетата е да се потврди недвосмислената поддршка на целата Европска унија за суверенитетот и независноста на Украина“, рече тој. „Целта на оваа посета е и да се претстави широк пакет поддршка за Украина и Украинците.