Општина Ресен доби противпожарно возило

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Би сакал да изразам голема благодарност од мое лично име , од името на граѓаните на Општина Ресен , како и вработените во Територијалната противпожарна единица на општината, за добиената донација на противпожарно возило, до Шпаркасе банка за издвоените средства, до Македонската Амбасада во Р. Австрија , г-динот Амбасадор Освит Росоклија и вработените во амбасадата, како и голема благодарност за укажаната директна поддршка од Општина Св. Стефан – Грац од Р.Австрија, кои овозможија корисен придонес со кој Општина Ресен доби можност за користење на уште едно возило од јавен интерес со сите перформанси и можности за брза интервенција на Територијалната противпожарна единица.
Исто така изразувам и голема благодарност на градот Виена кој во соработка со Македонската Амбасада во Р. Австрија го донираа камионот за собирање на комунален отпад со што општината се здоби со уште еден камион повеќе за непречено оддржување на хигиената во Преспа.
Општина Ресен и во иднина ќе продолжи преку реализација на различни проекти, донации и активности од областа на општествената одговорност, приспособени на потребите на опкружувањето, безрезервно и континуирано да се залага за подобрување, унапредување и за развој на заедницата во која живееме и работиме.

Share This Article