Цените на нафтата на светскиот пазар паѓаат откако американската администрација најави дека ќе испрати дополнителни количества сурова нафта од стратешките резерви

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска паѓаат откако американската администрација најави дека ќе испрати дополнителни количества сурова нафта од стратешките резерви.

На Лондонската берза цената на суровата нафта од типот „брент“ од Северното Море падна за 43 центи или 0,5 отсто и сега е 86,18 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 71 цент или 0,89 отсто и изнесува 79,43 долари за барел.

Американското Министерство за енергетика најави дека ќе продаде 26 милиони барели од стратешките резерви, што би можело да ги направи резервите на тој извор на енергија најниски од 1983 година.

Share This Article