More

    Три лица се убиени, а петмина се ранети откако маж отвори оган во кампусот на државниот универзитет во Мичиген во градот Лансинг

    spot_img

    Три лица се убиени, а петмина се ранети откако маж отвори оган во кампусот на државниот универзитет во Мичиген во градот Лансинг.

    Нападот се случил нешто по 20 часот по локално време во зграда на универзитетот.

    – Откако отворил оган таму, вооружениот напаѓач заминал во друга зграда и продолжил да пука – рече Крис Роузман, вршител на должноста началник на полицијата во кампусот.

    Според него, дел од повредените се во критична состојба.

    Откако го извршил нападот, напаѓачот побегнал. Полицијата објави фотографија од него. Тој е опишан како маж, црнец, со низок раст, облeчен во тексас јакна, црвени чевли и бејзбол капа.

    Во потрагата по мажот се вклучија и неколку стотици полицајци и претставници на редот. Подоцна, полицијата соопшти дека напаѓачот се самоубил и неговото тело е пронајдено на околу 4 километри од областа на универзитетот.

    Мотивите за нападот засега остануваат нејасни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img