Најмалку три лица загинаа, а пет се повредени откако вооружен маж отвори оган во кампусот на Државниот универзитет во Мичиген во понеделникот вечерта, соопшти полицијата, додека трага по осомничениот.Привремениот заменик-началник на Универзитетската полиција Крис Розман рече дека пукањето се случило на две локации, од кои и двете резултирале со жртви, а најмалку пет лица се повредени.
Осомничениот, првично опишан како низок човек со маска, последен пат бил виден како бега пеш од една од зградите на универзитетот.
Државниот универзитет во Мичиген е јавна високообразовна институција со кампус од 50.000 студенти и се наоѓа во Ист Лансинг, универзитетски град кој се наоѓа во близина на главниот град на државата Мичиген Лансинг и на околу 140 километри северозападно од Детроит.